Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени две лица

На 12.09.2022 околу 23.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Ф.М.(28) и А.И.(34), двајцата од Кичево. При претрес во домот на Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана и една таблета. При претресот во домот била затекната А.И. и при преглед кај неа биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СКАНДАЛ СО ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ – Осуммина уапсени, до 4.000 пациенти наводно оштетени, сомнежи за милионски злоупотреби

ДЕСК

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК