Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Најавеното авионско прскање против комарци се поместува еден ден порано

Градот Скопје ги известува граѓаните дека заради најавените неповолни временски услови во текот на наредните денови, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци најавена за 16.9.2022 година (петок) и за 17.9.2022 година (сабота) се поместува и ќе се одвива на 15.9.2022 година (четврток) и на 16.9.2022 година (петок), во раните утрински часови.

Доколку временските услови дополнително се влошат и не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +