19.8 C
Скопје
24. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarЛокалноТОП ВЕСТИ

Арсовска – Оставка или разрешување им беше опцијата на двајцата директори на скопските претпријатија

Директорите на скопските претпријатија добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени тврди градоначалничката Данела Арсовска откако пред неколку часа двајца функционери излегоа во јавноста со неотповикливи оставки. Таа на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека причината поради која им ја дала таа понуда е несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување насоките на градот Скопје.

Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани, напиша таа.

Нови двајца директори на скопски претпријатија и поднесоа оставки на Арсовска

Најмалку четворица фунцкионери од кои тројца директори на скопски јавни претпријатија нема повеќе да ја извршуваат функцијата, поради како што велат лоши односи со градоначалничката и како што тврдат нејзина незаинтересираност за работата на јавните претпријатија.

Разрешените директори на скопските претпријатија се кадар од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска на локалните избори настапи како независен кандидат, но со поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Од викедов до сега претпријатијата Дрисла, Градски Паркинг и Водовод останаа без директори, а разрешен е и Генералниот секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски.