Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Тасевска: Реализирани 36 проекти од ТАВ програмата вредни 15 милиони евра

„Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестирање во капитални проекти важни за развојот на општините, но и за економскиот раст. Реализацијата на проектите финансирани од програмата на ТАВ се одвива со одлично темпо. Пред околу една година беа потпишани вкупно 94 договори за реализација на инфраструктурни проекти во сите плански региони или во 75 општини низ целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра“ вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Таа посочи дека „веќе се реализирани 36 проекти, односно повеќе од третина со вкупна вредност од 15 милиони евра“.

„Сите преостанати проекти се во фаза на реализација а финалниот рок за реализација е крајот на 2023 година. Тоа се средства и проекти вложени директно во локалниот развој на општините, за подобри услови за живот на нашите граѓани“ вели Тасевска.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

Зошто ЕСМ се жали ако направиле профит од 40 милиони евра и заштеда од 880 милиони евра?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК