19.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Немаме време за губење, имаме реформи за исполнување, опозицијата конечно нека заземе став за побрзо да одиме напред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното гостување во „Топ Тема“ изјави дека секој ден, месец или година изгубени сега, ќе не чинат многу на крајот на процесот, затоа е подобро ни ден ни момент да не губиме, ни со реформите, ниту со потребните обврски, затоа што сè што ќе направиме сега ќе го капитализираме.

„Мислам дека ќе може во наредниот период, заедно со ЕУ, заедно со сите оние кои што и сакаат добро на Северна Македонија, да се креира една платформа на која што ќе се приклучат сите кој што сакаат ова држава да чекори по тој пат. Мислам дека во овој контекст, војна во Украина, кога ние сме веќе членка на НАТО и ги започнавме преговорите на ЕУ, навистина ќе се најдат пратеници и пратенички групи, а верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ може да се предомисли, бидејќи многу пати до сега се предомислиле за многу работи“, рече Маричиќ.

Маричиќ додаде дека ги познава лично сите пратеници што гласаа за Преспанскиот договор и во интервјуто уверува никој од нив не бил ниту купен, ниту уценет и дека сите оние кои што гласаа веруваа дека е тоа исправно, инаку немаше да гласаат.

Вицепремиерот Маричиќ во гостувањето потсети на изјава на лидерот на опозицијата, Мицкоски, велејќи дека за неконстатноста во изјавите на ВМРО-ДПМНЕ доказ е видеото во кое што Мицкоски му вели на Борисов дека ќе го поддржи Договорот со Бугарија, додавајчи дека тоа значи дека различно кажува на средбите и во јавноста.

На прашањето за почетокот на скриниг процесот и за преговарачката структура, вицепремиерот Маричиќ објасни дека главинот преговарач во процесот е носител на активностите, но дека има можност на позициите „главен економист“, „главен правник“ и „главен антикорупционер“ да бидат луѓе кој што нема да бидат од политика.

„Јас работам на тоа , правам консултации овој период како претставник на Владата и како главен преговарач со сте делови на општеството за да дојдеме до најдобрите луѓе и најдобрите имиња, вклучувајќи ја и опозицијата“, рече Маричиќ.

На крајот на интервјуто Маричиќ истакна дека верува оти има сила во ВМРО-ДПМНЕ да се изборат за да бидат една нормална сериозна европска десничарска партија, наместо да бидат Левица, односно, да се приклонат кон концептот на Левица, бидејќи се сега многу блиску едни со други, додавајќи дека Левица е сепак радикална анти ЕУ и анти НАТО партија и дека тоа реално е против нашите стратешки интереси.