4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Непознато лице со автомобил удрило во канделабра пред бугарската амбасада и во две возила

Синоќа во 03.20 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, пред Амбасадата на Бугарија, патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, удрило во канделабра за улично осветлување.

Потоа, како што соопшти МВР, лицето удрило и во две паркирани патнички возила „мерцедес“ и „бмв“, сопственост на Амбасадата и го напуштило местото на незгодата.

Извршен бил увид од увидна полициска екипа и се работи на расчистување на случајот.