Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 08.09.2022 во 11.50 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар бил лишен од слобода Џ.Б.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на ул.“Македонија“ во зграда сопственост на правно лице извршил кривично дело “тешка кражба“.

Со пријавениот бил извршен службен разговор во кој тој го опишал извршувањето на кривичното дело, кое го извршил заедно со еден малолетник. Исто така, малолетникот бил повикан во полициска станица и во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција и со него бил извршен разговор.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок

Можеби ќе ве интересира

ТАТКО ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ 13-ГОДИШНОТО ДЕТЕ – Две кривични дела во пријава од делчевско

ДЕСК

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО КОЧАНИ – 67-годишник доби кривична пријава поради закани кон сопругата

ДЕСК

СО МОТОРНА ПИЛА СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПАДНЕ ЧОВЕК – Пресметка во гостиварско завршила со кривични пријави

ДЕСК