22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Скандинавките имаат најчиста кожа: Ова се четирите тајни кои им помагаат во тоа

Непретенциозниот моден стил на скандинавските жени и нивниот однос кон сè се достојни за восхит и инспирација. Од легендарни стилски икони до секојдневни жени, скандинавските жени се грижат за себе да го подобрат своето здравје, да изгледаат и да се чувствуваат убаво.

Во продолжение ви откриваме нивните 4 тајни за убавина.

1. Смирувачки третмани

Во Данска, смирувачките третмани се главниот фокус. Првиот е третман за очи со камилица, а вториот е третман со пареа од лаванда за цело лице. Можете да ги пробате дома: ставете ги кесичките чај во ладна вода минута или две, ставете ги на пределот околу очите околу 10 до 15 минути, пред да започнете со вашата рутина за нега на кожата.

2. Состојки од локално потекло

Можеби не би можеле сите да пораснеме во данско село, опкружено со бујна природа полна со антиоксиданси и хранливи материи, но она што можеме да го направиме е да избереме локални состојки. Нашиот регион е полн со богати природни ресурси, изберете органска храна: сок од бреза, сончоглед, печурки, мед, лен…

3. Подобрете ја циркулацијата

Во рутината за убавина на скандинавките, вообичаено е да се зголеми циркулацијата за да се подобри целокупното здравје на кожата. Тоа можете да го направите така што пред пилинг лесно ќе го масирате лицето со бадемово масло, за кожата да биде посјајна. Направете ги движењата цврсти и кружни, нагоре и нанадвор.

4. Хиге (Hygge)

Скандинавските жени се колнат во филозофијата хиге (hygge), која се заснова на фактот дека се работи за создавање пријатна атмосфера за себе. Посебно време посветуваат на благосостојба, јакнење на душата и телото, а омилени активности им се капење на мраз, сауни и возење велосипед. Hygge се однесува и на минималистичката употреба на производи за убавина, така што грижата за себе е задоволство, а не работа.

Можеби ќе ве интересира

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – Едноставни трикови за здрава и свилена кожа

M T

ОВА е вистинската причина: Еве зошто изгледате ПОСТАРИ ОД ТОА ШТО СТЕ, ниту е поради генетика, ниту поради кожа

M T

Дали се ве чеша после туширање? – Еве што може да ја иритира вашата кожа

M T

ОВОЈ ЗНАК НА КОЖАТА СЕ ПОЈАВУВА ПРЕД СРЦЕВ УДАР: Може да ви го спаси животот

M T

Експерти за нега на кожата: Купувањето на овие осум производи е само фрлање пари

M T

Дерматолозите предупредуваат: Немојте да заспивате на плажа

M T