17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМААВТО ЦЕНТАРМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Се обединивме во НАТО и во Отворен Балкан, градиме иднина во ЕУ

„И во овој современ, цивилизациски, технолошки развиен 21-ви век во којшто живееме, ги покажа своите слабости. Нè испречи: прво пред пандемијата со КОВИД-19, а потоа и со војната во Украина, којашто ретко кој можеше да поверува дека навистина ќе се случи. Но, се случи, трае и никој не може да предвиди каков развој на настаните ќе следува“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на централната прослава за 8 Септември – Денот на независноста.

Тој додаде дека светот, Европа, регионот, а со тоа и ние како граѓани и држава сме соочени со последиците од овие состојби – потребата да сме осигурани на безбедносен план и да осигураме достапност до храна и енергенси, особено пред престојната зима.

„Се обединивме во НАТО, како земја членка и ги осигуравме нашиот територијалниот интегритет и безбедноста. Денес, во време на војна, е повеќе од кога било јасно – што значи да не сме сами и изолирани, туку да сме дел од најголемиот безбедносен сојуз, каде земјите членки солидарно се штитат меѓу себе. Се обединивме и во иницијативата Отворен Балкан и како што можевте да слушнете, договоривме солидарност за достапност на храна и енергенси за нашите три земји. Нема да имаме забрани за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи. Ги започнавме преговорите со Европската Унија и работиме со забрзано темпо за граѓаните на Република Северна Македонија што поскоро бидат дел од европското семејство“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека регионалното поврзување носи придобивки, но ако сме обединети и во европското семејство, со остантите 27 земји-членки, можеме само да претпоставиме што ќе занчи тоа на економски план, во оваа светска економска криза.

„Европа ги отвори вратите за нас. Дали ќе станеме дел од европското семејство – сега, од нас зависи. Aко претходните генерации успеале да се обединат во борбата за слобода и во сонот за независна, напредна држава – кој има право, за од која било причина, да го спречи обединувањето на граѓаните на Република Северна Македонија денес, во слободата – за напредокот да продолжи? Никој го нема тоа право“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: