Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Продолжуваме по патот на развојот – не е време за избори и политиканство

„Да покажеме достоинствена почит кон предизвиците со коишто се соочени граѓаните и државата од глобалната криза и да се помогне во решенијата, наместо да се блокираат. Има време и до избори и за политиканство – но, сега не е тоа време“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на централната прослава за 8 Септември – Денот на независноста.

Тој додаде дека Владата ја прифати прогресивната идеја за напредок преку обединување и токму затоа тој, како премиер, зборува токму за таа потреба и на домашен и на меѓународен план.

„Обединети во слободата е битка за перспективи! Слободата е одговорност. Таа значи право на избор, но со одлуките и изборите што ги прави секој, потсетувам дека треба сите да живееме“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека патот на развојот продолжува само со обединување и повика на обединетост исто како на историскиот 8 Септември пред 31 година, бидејќи тоа е мудро, зрело и потребно.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК