Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Maж од Кочани измамен за 1.500 евра

Вчера, во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека околу 10 часот бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра.

Според пријавеното, лицето му кажало дека направило сообраќајна незгода со друго лице – странец, кое не ги разбирало парите – евра и ако има да му даде, да ги види.

Како што е пријавено, тој му дал часовник како гаранција по што заминал и не се вратил по што оштетениот сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот, информираа од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +