Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Ако купите стан во Карпош, ќе морате и гаража, без тоа нема упис во Катастар

Во Карпош ќе се бара секој жител кој купува стан, да си купи и гаражно место. Без тоа, нема да има упис во Катастар. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош најави дека ќе има кривични пријави за надзорите кои дозволуваат да се изведуваат проекти надвор од проектите кои се одобрени.

„Секој што купува стан, мора да купи и гаражно место. Одобренијата ќе се даваат ако има квалитетно гаражирање, квалитенто спуштање на рампите. Ако вие не можете да се спуштите во гаражата, што ќе ви е таа. Нема веќе да се упишуваат становите во Катастар, ако немате гаража заедно со него. Во исто време, нашите службеници започнаа активност да одиме и да проверуваме сите одобренија кои се издадени, дали на лице место објектот е според проектот и дали гаражните места е според проектите“, кажа Јакимовски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце!

ДЕСК

Максим Димитриевски, едвај и за влакно победи во Куманово – разликата минимална, новите ветришта допрва доаѓаат

ДЕСК

УРБАНИОТ ЦЕНТАР И’ ПРКОСИ НА ВЛАСТА: Горан Герасимовски убедливо победи во најурбаната и најмоќната општина во Македонија

ДЕСК