7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шкријељ: СДСМ обезбедува инклузивно образование – вработени се 725 образовни асистенти

„СДСМ обезбедува инклузивно образование достапно за секое дете, кое ги почитува и прифаќа различностите, кое овозможува сите деца со попреченост да имаат еднакви шанси за образование и придонес во општеството. За учебната 2022/2023 година обезбедени се средства за вработување на дополнителни 225 образовни асистенти, со што вкупната бројка за новата учебна година се искачи на 725 асистенти. Минатата учебна година беа вработени 500 образовни асистенти во наставата за децата со попреченост, за кои беа обезбедени 216 милиони денари“ рече на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Таа посочи дека „согласно новиот Закон за основно образование 5-те посебни училишта се трансформирани во Основни училишта со Ресурсни центри, а посебните паралелки се петворени во Центри за поддршка. Во редовна настава се вклучени 911 ученици со посебни образовни потреби, додека во ресурсните центри има вкупно 381 ученик“.

„Доделени се 426 стипендии за деца со посебни образовни потреби, ученици во прво и второ одделение кои редовно следат основно образование во рамките на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија. Преку истиот проект, обезбедени се дополнителни 13 сензорни соби во 13 училишта, 8 инклузивни игралишта во дворовите на училиштата, 1 сензорна градина, 1 електромоторен транспортер за качување по скали, дидактички материјали и асистивна технологија за 5 училишта“ рече таа.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T