Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Договорен е развој на „Вински патишта на ‘Отворен Балкан’“ за зголемена туристичка понуда во винската индустрија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Татјана Матиќ, и министерката за животна средина и туризам на Република Албанија, Мирела Кумбаро, денеска, во Белград, Србија, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, потпишаа заедничка изјава за реализација на проектот „Вински патишта на ‘Отворен Балкан’“, со која ќе работат на зголемување на туристичка понуда во винската индустрија.

На средбата беше договорено да се развие проектот „Вински патишта на ‘Отворен Балкан’“, кој ќе ги опфати: винските патишта на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Србија; вински оази (посебни винарски визби што не се наоѓаат на винските патишта); како и развој на туристичка сообраќајна сигнализација и дигитална платформа, која ќе содржи податоци за сите точки на интерес вклучувајќи ги и податоците за геолокација.

Проектот „Вински патишта и вински оази“ ќе се развива во согласност со законските регулативи и стандарди на ЕУ.

Во овој проект ќе бидат претставени винарници, винарски визби, здруженија на винари и лозари, тематски музеи, продавници за вино и вински центри.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК