6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возачите да бидат внимателни, а децата запознаени со сообраќајните правила, апелира советот за безбедност во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовните установи. Се апелира и до родителите, воспитувачите и наставниците да ги запознаат и да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на нивната безбедност.

„Денес започнува новата учебна година, што значи огромен број деца ќе се упатат кон градинките и училиштата. Токму тие – децата кои пешачат или управуваат велосипед, тротинет и сл. се најмалите учесници во сообраќајот и неопходно е да знаат како да сe однесуваат во истиот“, велат од Републичкиот совет.

На децата кои возат велосипед или тротинет им се препорачува да носат заштитен шлем – кацига, да возат со пропишаната брзина и да ги почитуваат сообраќајните правила и другите учесници во сообраќајот, како и да управуваат со исправни и означени велосипеди и тротинети.

На децата кои пешачат РСБСП им препорачува: да ја поминуваат улицата само на обележан пешачки премин, да не претрчуваат преку улица, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација т.е. да преминуваат улица само кога свети зеленото светло на пешачкиот семафор, особено да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост т.е. дожд и магла (по можност да носат светла облека или рефлектирачко елече), да не преминуваат помеѓу возила во движење, да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување на улица, да внимаваат кога се движат на паркинзи.

Можеби ќе ве интересира

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

195 санкционирани возачи во Скопје, 50 возачи на мотоцикли

M T

206 санкции за возачи што возеле пребрзо

M T

339 санкции за возачи што возеле пребрзо

M T

НЕМА ВЕЌЕ ДИЛЕМА: Психолозите открија кој повеќе ги нервира жените – сопругот или децата?

M T