22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при работа, како и во остварувањето на производствените цели.

Инаку, во пресрет на Празникот, на сите вработени во САСА им беа зголемени платите, со што просечната плата во САСА сега е и до 80% повисока од просечната плата во земјава. Од аквизицијата на САСА од страна на интернационална рударска компанија Централ Азија Металс во ноември 2017 година, до денеска, платите во САСА се зголемуваат седумпати.

„Благосостојбата на нашите вработени и на нивните семејства отсекогаш била и ќе остане една од главните задачи и определби на менаџерскиот тим на САСА и на нашите инвеститори од Центар Азија Металс. Истовремено, САСА ќе продолжи со инвестициите во одржлив развој, затоа што тие се најдобриот начин како да се трасира патот кон подобра иднина. Покрај модернизацијата на производството, тие овозможуваат и зголемена безбедноста и унапредување на условите за работа, како и поефикасна заштита на животната средина и уште поголема благосостојба на вработените и на нивните семејства“, изјави генералниот директор на САСА, Скот Јеланд. Воедно, тој на сите вработени во САСА и во останатите рудници во земјава им го честиташе Денот на рударите, посакувајќи им добро здравје и просперитет.

Исто така, и оваа година во пресрет на Празникот, САСА обезбеди донација за локаната јавна библиотеката „Крсте Петков Мисирков“, чиј книжевен фонд беше збогатен со нови наслови наменети за читателите од сите возрасти во Македонска Каменица и околината. Ваквите донации се дел од континуирана поддршка на САСА за заедницата. Имено, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА секоја година вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница, како што се образованието, науката, заштитата на животната средина, здравствената заштита и ранливите социјални групи.

Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот подземен македонски рудник. Од ноември 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија што котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Од влезот на Централ Азија Металс до сега во САСА се инвестирани над 30 милиони долари во набавка на нова рударска опрема, во дигитализација на техничките процеси, во унапредување на безбедноста, подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и едукација на вработените. Во наредниот период веќе се планирани и одобрени дополнителни инвестиции од над 25 милиони долари во најнова опрема и технологија за откопување на руда, што треба да обезбедат стабилна работа на САСА во наредните години и дополнителни вработувања.

Можеби ќе ве интересира

Крис Колбурн е новиот генерален директор на САСА

M T

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост

M T

Доделени ЕУ-наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

M T

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

M T

Град Скопје со парични награди за пожарникарите што учествуваат во гаснење на пожарите низ Македонија

M T

Доделени наградите на 20. „Синедејс“

M T