Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со т.н. ноќен радар 108 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер (30/31.08.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 30 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Дојави за бомби во училишта во Куманово и Скопје

ДЕСК

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +