Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени стари монети, приведено едно лице на Граничен премин Табановце

Денеска (31.08.2022) во 00.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода З.Т.(53) од Скопје. При пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ, по што, со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра.

Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК

Инцидент во Скопје: Малолетник ограбен од две лица

ДЕСК