Centar.mk
ЛОКАЛНО

Најмногу пријавени штети за поплавени простории и паднати дрвја

Над 400 штети биле пријавени по невремето коешто вчера го погоди Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека паднати се дрва, поплавени се простории и коловози, одувани кровни конструкции, а има и скинати проводници.

Откорнати биле 30 дрва, а оштетени 20 автомобили, според пријавеното.

Директорот на Центарот за управување со кризи синоќа информираше за две повредени лица кои се здобиле со повредите кога врз автомобилот во кој се возеле паднало дрво.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

ДЕСК

Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

ДЕСК

Општина Битола е добитник на националната награда „Младински пријателски град” во Пелагониски регион за 2026 година.

ДЕСК