Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Митрески: Го прифаќаме предлогот за анкетна комисија – да видиме како се набавувала и како поскапувала струјата претходно

„Се уште не сме го виделе предлогот за анкетна комисија за испитување на трошењата во кризниот период на ВМРО-ДПМНЕ, но јавно кажувам дека ќе прифатиме. Ќе разговараме во Собранието што се случува сега, а што се случувало во минатото во енергетскиот сектор“ кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во дневникот на Сител.

Тој додаде дека ќе се разговара за тоа како се набавувала струја три пати поскапа од пазарната, како во период кога немало енергетска криза струјата поскапувала за 100 отсто, колку субвенционирала држава, колку се вложувало во енергетскито сектор.

„Ќе разговараме дали претходно се изградил некој енергетски објект или се вложувало во приватни хидроцентрали и како сега се вложува во ветерници и фотоволтаици. Темата ќе ја отвориме и ќе разговараме“ рече Митрески.

Пратеникот од СДСМ додаде дека иако се уште официјално немаат добиено никаков предлог од ВМРО-ДПМНЕ, тие се подготвени да го прифатат и да се отворат сите овие теми.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол

ДЕСК