11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Митрески: Верувам дека ќе победи разумот кај опозицијата и ќе ги стават граѓаните на прво местоSo

„Очекувам дека нема да продолжи во Собранието да се случува тоа што се случуваше досега. Можеби сум преголем оптимист, но мислам дека ќе победи разумот кај опозицијата и ќе ги стават граѓаните на прво место“ рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека блокирањето, бескрајните дискусии во време на кризи само е на штета на граѓаните и трошење на непотребни средства.

„Ги повикувам сите пратеници да се однесуваат конструктивно и да се во служба на граѓаните. Ова е период кога сите треба да сме на висината на задачата. Се надевам дека ќе најдме заеднички јазик за функционирање на Собранието, но ми се чини дека таа одлука не е на пратениците, туку на врвот на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Митрески.

Тој додаде дека активната блокада за да се предизвикаат избори е лоша пракса и преседан, кој може лошо да се користи во иднина.

„Во вакво кризно време да ја блокираме државата со избори, шест месеци да ги блокираме институциите за да задоволиме нечив личен хир нема да дозволиме. Ќе наоѓаме механизми за да функционира Собранието“ кажа Митрески.