Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

„Мамурен“ 6 месеци, а бара отштета од 200.000 фунти: Човек ја тужи компанијата затоа што со алкохол го „оштетил мозокот“ на тим билдинг

Еден од вработените во британската компанија „ПВЦ“ го тужел својот работодавец поради повреда што ја добил на настан организиран од компанијата.

Вработениот Мајкл Броки тврди дека бил „повреден“ за време на тим билдинг настан дизајниран да биде како играње голф, само што наместо да ги заобиколува дупките на патеката, тој ги посетувал пабовите со своите колеги.

Наводно, вработените биле охрабрувани да пијат алкохол во секој паб што е можно побрзо за да ја добијат играта.

Броки тврди дека настанот „поттикнал прекумерно консумирање алкохол“ и дека тоа резултирало со „оштетување на мозокот бидејќи бил толку опиен што не се сеќавал што се случило по 22 часот“.

28-годишникот тврди дека морал да земе шест месеци одмор од работа за да се опорави. Тој сега бара отштета од 200.000 фунти од компанијата и ја обвинува за негрижа кон работниците.

– Како одговорен работодавач, посветени сме на обезбедување безбедна, здрава и инклузивна култура за сите наши вработени. Исто така, очекуваме секој што присуствува на социјалните настани да биде одговорен и да се грижи за својата и безбедноста на другите – велат од компанијата.

Судската постапка е во тек.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 16-ти декември 2025 – Ден исполнет со пресврти според ѕвездите

ДЕСК

Емоции, избори и пресврти: Што ти носи хороскопот за 15 декември

ДЕСК

Што ви носи 14 декември според ѕвездите – детален дневен хороскоп за 14-ти декември 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.