Centar.mk
МОЗАИКТЕМА

Чудо во Танзанија: Рудар пронашол скапоцени камења и преку ноќ станал милионер

Танзанискиот рудар Анселим Кавише стана милионер благодарение на два скапоцени камења од танзанити, чија вредност е 2,2 милијарди танзаниски шилинзи (околу еден милион долари).

Според локалните власти, Кавише пронашол два огромни скапоцени камења од танзанит.

Адолф Ндунгуру, секретар во Министерството за рудници, рече дека владата ќе ги купи камењата од танзанит, кои тежат 3,74 и 1,48 килограми.

„Му честитаме на среќата, владата ќе му плати за камењата од танзанит“, рече Ндунгуру.

Танзанитот, кој се наоѓа во северна Танзанија, се користи за производство на луксузни стоки.

Тој е еден од најретките скапоцени камења на Земјата, а некои геолози веруваат дека неговото снабдување може целосно да се исцрпи во следните 20 години.

Привлечноста на овој скапоцен камен лежи во неговата разновидност на нијанси, вклучувајќи зелена, црвена, виолетова и сина.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 24 мај 2026

ДЕСК

Што да јадете кога сте мамурни? Храна што го олеснува опоравувањето

C +

Ќе ја пронајдат љубовта на својот живот во текот на летото: Хороскопски знаци кои ги очекуваат големи промени

ДЕСК