11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на премиерот Ковачевски со амбасадорката Бенгтсон: Голема поддршка од Шведска за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорката на Шведска, која го завршува нејзиниот мандат во Република Северна Македонија.

На состанокот е потврдено искреното пријателство помеѓу двете држави и принципиелната соработка којашто се унапредува.

Соопштено е дека продолжува големата поддршка од Шведска за натамошен напредок на нашата држава во евроинтеграциите на Северна Македонија, по почетокот на преговорите, како и во реформите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на амбасадорката Бенгстон за поддршката од Шведска во сите демократски процеси во нашата држава, во реформските процеси значајни за граѓаните, како и на патот на евроинтеграциите.

На состанокот е разговарано и за активностите во рамки на предизвиците во енергетската област, како и за други актуелни прашања од значење за нашата држава, како и за државите од Европа и светот.