23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костовски: Нови мерки, стабилен енергетски сектор и субвенционирање на цената на струјата во пресрет на најтешката зима

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ:

Пред нас и пред целиот свет е ташка зима, во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна.

Со навремени и ефикасни политики Владата предводена од СДСМ ја одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните.

Обврска на државата е да се заштитат граѓаните и домашниот буџет. Затоа домаќинствата за сметките на струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто се субвенционира цената од страна на државата.

Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година.

За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.

Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Тука се и задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои од наредниот месец секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто.

Истовремено се ограничени маржите, со што се спречи драстично зголемување на цените на храната, а со тоа и раст на инфлацијата. Со одговорни економски политики се спречи драстичен раст на инфлацијата.

Од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите.

Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита.

Кризата, поради војната во Украина, предизвика тешкотии во синџирите на набавка на енергенсите, но и на прехранбените производи.

Затоа со ребалансот се издовијаат 52 милиони евра за поттикнување на домашното земјоделско производство, а тука се и субвенциите за земјоделците и зголемените откупни цени.

Тешки времиња бараат одговорни политичари.

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард и полесно справување на граѓаните и економијата со последиците од глобалната економска и енергетска криза.