Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

169 санкционирани возачи во Скопје, 32 возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК