Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Земјотрес во Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 24.08.2022 година регистрираше земјотрес 115 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 7 часот и 34 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.9 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, Земјотресот беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +