Centar.mk
МОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

„Фејсбук“ повторно со проблеми, насекаде се појавуваат спам коментари на познати личности

Илјадници корисници на „Фејсбук“ информираат дека нивниот ‘њусфид’ изгледа многу чудно утрово, а многу корисници пријавиле дека нивниот профил е хакиран или дека не можат да пристапат до својот профил.

Корисниците на Фејсбук на оваа и на други социјални мрежи пишуваат дека нивниот њусфид утрово бил преплавен со стотици објави од непознати луѓе и никој не разбира што се случува.

Пријавени се и проблеми на страницата Down Detector и се чини дека е грешка или вирус.

На корисниците на Фејсбук утрово им се прикажува што објавуваат непознати луѓе на страниците на познати личности како Тејлор Свифт, Еминем или Гордон Ремзи. Така, корисниците утрово на својот „њусфид“ гледаат што екипа од Африка или Индија објавува на страниците на познатите личности.

„Фејсбук“ не се огласи за да го објасни проблемот, но „Твитер“ е преполн со објави од луѓе кои се обидуваат да дешифрираат што се случува на „Фејсбук“.

Можеби ќе ве интересира

Винодонија 2025 – Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на виното

ДЕСК

Овие два хороскопски знаци ќе пливаат во пари во 2026 година

ДЕСК

Што ви носи 17 декември 2025: Детален дневен хороскоп за сите знаци

ДЕСК