Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нов ценовен удар за граѓаните, народот плаќа а на Мицкоски око не му трепнува

Соопштение на СДСМ:

Нов ценовен удар за граѓаните – горивата денеска повторно поскапеа, втор пат за две недели. Уште едно поскапување после најавите на Мицкоски дека цените ќе се намалат.

Ова ново поскапување на горивата ќе значи и поскап транспорт, повисоки трошоци за компаниите и нов бран на веќе поскапените цени на храната за кои Мицкоски не презеде никакви мерки.

За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 години и надмина 70.000 денари.
Сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот.

Луѓето живеат крпен живот. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за сметки или други потреби. На Мицкоски баш му е гајле, око не му трепнува.

СДСМ со месеци предлага конкретни решенија, замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, поддршка за најранливите категории, повисока минимална плата и мерки за заштита на стандардот.

Мицкоски и неговата ВМРО одбија се што е во интерес на граѓаните, затоа што не им е грижа за граѓаните, важно им е само како да украдат од народот за да има повеќе за нивните партиски тендери.

Можеби ќе ве интересира

Тежок и вознемирувачки случај на насилство се случи синоќа во Охрид,објави powerinfo

ДЕСК

УТРОВО НУЛА СТЕПЕНИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ, 11 ВО ОХРИД И ПРЕТОР – Објавени измерените температури низ Македонија

ДЕСК

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК