До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе биде во пораст.
Прогноза за 24.08.2022
Минимална температура: 12°C до 19°C Максимална температура: 24°C до 31°C УВ=6
Прогноза за 25.08.2022
Минимална температура: 13°C до 20°C Максимална температура: 25°C до 32°C УВ=6
Прогноза за 26.08.2022
Минимална температура: 12°C до 19°C Максимална температура: 26°C до 33°C УВ=7