Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните избраа напредок, двојна победа на владејачката коалиција во Центар Жупа и Маврово-Ростуше

Коалицијата предводена од СДСМ освои двојна победа на вонредните локални избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа, велат од владејачкиот СДСМ по изборите.

„Граѓаните избраа напредок, граѓаните на изборите потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, кој ја води државата напред. Во овие тешки времиња граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на СДСМ и коалицијата, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина.

Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори, гласи јасната и силна порака од вчерашните избори“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК