Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Страотен судир на автомобил и камион утрово кај Зајас, загинаа две жени од Тетово

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово на патот Гостивар-Кичево кај селото Залас, загинаа две жени од Тетово, соопшти МВР. До несреќата дошло кога се судриле камион, исто така управуван од тетовчанец, и автомобилот во кои жртвите биле сопатнички.

„На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф” со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило“, пишува во полициското соопштение.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК