Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Станува извесно дека во Маврово Ростуше и Центар Жупа ќе има избор на градоначалник

Според официјалните информации од Државната изборна комисија, излезноста на локалните избори во општина Маврово Ростуше до 15 часот изнесува 34.41% од избирачите, што значи дека веќе е исполнет потребниот цензус.

Во општина Центар Жупа излезноста до 15 часот е 32.88%.

Ова значи дека во општина Маврово Ростуше ќе има избор на градоначалник, но многу блиску е и Центар Жупа што според сите очекувања и преостанатото време може да се очекува избор на градоначалник и во оваа општина.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК