Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Првични податоци, пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово за околу 1.500 гласа

Според првичните информации и резултати објавени од страна на Државната изборна комисија, СДСМ во Тетово освоила околу 1.500 гласови а ВМРО-ДПМНЕ околу 2.000 гласови. Тоа значи дека најверојатно досегашниот сооднос на советничката листа ќе остане идентичен.

Она што може да се воочи е дека ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обиде да прогласи победа во Тетово иако загуби на локалните избори со свој кандидат во Маврово Ростуше а владејачката партија победи и во Центар Жупа.

Но, ако се направи споредба со минатите избори, ВМРО-ДПМНЕ има пад во гласовите за околу 1.500 гласа.

Се чекаат податоците уште од неколку избирачки места, но тенденцијата на намалување на бројот на гласови не може да се покрие.

Резултатите може да се погледнат тука.

Континуитетот на пад на бројот на гласови на ВМРО-ДПМНЕ за советничките листи во Тетово:
2013 г. – 7.324 гласови
2017 г. – 5.903 гласови
2021 г. – 4.052 гласови

Можеби ќе ве интересира

30 години членство во Советот на Европа – средба на претседателот Гаши и претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос

ДЕСК

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 76 илјади граѓани – започна и вакцинацијата со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

ДЕСК