23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Победата на Куртовски во Маврово Ростуше е потврда на вистинските политики на СДСМ

Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ, соопшти претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, по завршувањето на вонредните избори за градоначалник на општината.
Ковачевски нагласи дека изборите беа фер, слободни и демократски избори и им се заблагодари на сите граѓани кои денеска излегоа и го дадоа својот глас но и на противкандидатот, кој го повика на обединување за развој на Маврово и Ростуше.
Победата на Медат Куртовски со 3238 гласови, наспроти 1900 се потврда дека Медат одлично си ја врши работата последниве 4 и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните 4 години, во интерес на граѓаните, истакна Ковачевски.
Тој нагласи дека Куртовски ќе продолжи да ги реализира проектите, бидејќи граѓаните на Маврово Ростуше тоа го заслужуваат, со поддршка од централната власт.
Победата на Медат Куртовски е победа на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина, истакна Ковачевски, додавајќи дека оваа и победата на коалицијата предводена од СДСМ во Центар Жупа е потврда на вистинските политики за граѓаните.

Ова е прва победа откако јас ја предводам европската коалиција, и значајна е затоа што покажува потврда на исправните, вистински политики, денес е упатена јасна, гласна и силна порака – европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.