Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кичево: Постара жена загина откако во неа удрил 20-годишник со „туран“

79-годишна жена од Кичево загина во сообраќајна несреќа откако во неа удрил 20-годишник со возило „туран“.

Вчера во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило “туран“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево. Во несреќата на местото на настанот починала Д.Ц. а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +