23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Битиќи: Сега е вистински момент за дебата за даночни реформи, граѓаните сами ќе го кажат прагот на оданочување

„Дискусиај за даночни реформи мора да започнеме. Ова е вистинско време за дискусија и консултации. Сепак, даночните реформи треба да се случат заедно со стие други реформи во државата. Оптимално е да се разговара сега“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека прогресивното оданочување е воведено пред три години, кога е одложено за да започне да се применува од 1 јануари 2023 година.

„Даночното ослободување е дел од прогресивното оданочување. Ако во овој момент даночното ослободување на платите е на 8 илјади денари, може да го направиме да биде на 18 илјади, колку што е минималната плата. Тоа е праведно и правично. Бидејќи нема што да оданочуваме кај примателите на најниска плата, но треба да има скалила нагоре“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека исправно е тие што заработуваат повеќе да плаќаат повеќе данок, но кажа дека е и за целосни даночни ослободувања во одредени сектори, како што е ИТ секторот.

„Останувам на тоа дека треба да има 0 отсто данок на личен доход во ИТ секторот, бидејќи вообичаено таму работат младите, а нам ни треба тие да останат во државата“ рече Битиќи.

Спонзорирано: