Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Научниците со предупредување за жените кои не јадат месо

Жените кои претпочитаат вегетаријанска исхрана имаат поголеми шанси и опасност да го скршат колкот во подоцнежна возраст во животот, покажа ново истражување.

Според научниците, вегетаријанската исхрана е „често поврзувана со помал внес на хранливи материи погодни за здравјето на коските и мускулите“, откако нивните испитувања покажаа дека вегетаријанките имаат 33 отсто поголем ризик од фрактура на колкот во споредба со жените кои редовно јадат месо. Се истакнува дека се потребни дополнителни истражувања за да се процени дали слични резултати може да се потврдат и кај мажите.

Трудот којшто опфатил повеќе од 26.000 жени на возраст од 35 до 69 години од цела Велика Британија, ја проценува опасноста од фрактура на колкот кај вегетаријанките кои јадат риба, но не и месо и оние кои повремено јадат месо во споредба со редовните потрошувачи. По 20 години, истражувачите забележале 822 фрактури на колкот кај жените – околу 3 отсто од оние вклучени во истражувањето, кое инаку, е објавено во списанието BMC Medicine.

Истражувачите од Универзитетот во Лидс откриле дека зголемената опасност од фрактура на колкот е откриена само кај вегетаријанките, во споредба со жените кои редовно јадат месо.

Можеби ќе ве интересира

Што се случува со вашето тело кога спиете само шест часа

C +

Туширање со ладна вода наутро или навечер: што е подобро

C +

Бидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена Бубало

C +