10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Официјален состанок на Управата на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје и Државниот дуален универзитет за соработка од Баден-Виртемберг

На денешниот датум, 16 август 2022 година, Деканатскиот одбор и претставниците на Институтот за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, остварија официјален состанок со претставници од седиштето на Дуалниот државен универзитет за соработка од Баден-Виртемберг (DHBW) во Штутгарт и DHBW Манхајм.

Целта на состанокот беше виртуелно „здружување“ или кооптирање на IBMHS и DHBW, каде се разговараше за сите релевантни прашања во врска со влезот на дуалните студии на DHBW Манхајм на платформата на германскиот институт ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје (или т.н. проект „Германија дома“).

Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ беше претставуван од: проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Управниот одбор на IBMHS, извршен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент и професор на Универзитетот во Хајделберг, Германија, д-р Бриџит Спилман (член на УО на IBMHS), проф. д-р Роналд Глеих (член на УО на IBMHS и академски директор на Центарот за управување и контрола на перформансите на Франкфуртската школа за финансии и менаџмент) и проф. д-р Синиша Наумоски (претставник на УО на Институтот во Скопје). Од седиштето на DHBW во Штутгарт присуствуваше потпретседателот на управта, Питер Ветерлајн, заедно со ректорот на DHBW Манхајм, проф. д-р Георг Наглер.

IBMHS го информираше DHBW за завршената летна работна агенда, која овозможува:

  • Доволен број компании кои се запознаени со германскиот модел на дуално високо образование и се подготвени да ги поддржат процесите;
  • Доволен број професори според германските прописи: Веќе постоечкото портфолио од 50+ професори, подготвени за изведување на дуалните студии, под надзор на професори од DHBW, кои исто така ќе бидат вклучени во предавањата и испитните процеси; и
  • Изградена инфраструктура – ​​училници за теоретскиот дел во седиштето на IBMHS во Скопје и второ, во Охрид.

DHBW го изрази својот оптимизам во приближувањето кон следните чекори од соработката, не гледајќи никакви суштински проблеми.

Ова е првпат, еден германски државен дуален универзитет да ги трансферира своите уникатни германски дипломи и знаења, преку најстариот и единствен во свет дуален високообразовен модел, директно во регионот на Западен Балкан. Од една страна, тоа е пилот-проект на германската Влада на Баден-Виртемберг, заедно со DHBW, за пренесување на уникатниот модел од Манхајм и Штутгарт, директно преку платформата на IBMHS до сите македонски граѓани. Од друга страна, моделот во Скопје ќе постави модел за проширување на истата практика во остатокот од регионот, почнувајќи од Хрватска, потоа Словенија и земјите од Западен Балкан.

❓Што е СЛЕДНО?

За околу еден месец од денес, на 22 септември 2022 година, во Манхајм, IBMHS и DHBW ќе ја имаат втората заедничка работилница посветена на приближување на концептите на дуално универзитетско образование, помеѓу С.Р. Германија и Р.С. Македонија. Овде, многу важно за македонските млади лица е податокот дека и официјално ќе се потпише договор помеѓу  ПНУ Институтот за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје и главното седиште на Дуалниот државен универзитет за соработка од Баден-Виртемберг (DHBW) во Штутгарт.  Со тоа, Институтот во Скопје, после заедничкото официјализирање на договорот од страна претседателот Цајтел и потпретседателот Ветерлајн, ќе биде одговорен за развој на студиите на DHBW – Манхајм, во Скопје (подоцна и во Охрид).

Спонзорирано: