11.8 C
Скопје
26. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Сабота неработен ден во овие општини, донесени серија важни одлуки – Заврши владината седница

Од 69-тата седница на Владата: Усвоени сет препораки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија; Сабота (20.08.2022) неработен ден за граѓаните кои живеат во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Владата на Република Северна Македонија на денешната 69-та седница, одржана преку видеоконференциска интернет врска, ја разгледа и усвои Информацијата со сет на препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во Република Северна Македонија, при што беше задолжено Министерството за економија во рок од три дена да ги извести домаќинствата и бизнис заедницата за препораките дадени во оваа Информација и истите да ги објави на својата веб страна.

Во врска со овие препораки за ефикасна заштеда на електрична енергија до 15% се зема предвид позитивниот ефект врз буџетот на граѓаните и државата односно во време на сè поголемо зголемување на цената на електричната енергија, заради поголема заштита на животната средина, рационална и ефикасна употреба на струјата, детално информираа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски на прес-конференција, пренесена на следните линкови:

Прес-конференцијата на македонски јазик

Прес-конференцијата на албански јазик

Согласно препораките за штедење, се задолжуваат сите органи на државната управа, а им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и правните лица основани од државата кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во рок од 60 дена од усвојувањето на информацијата да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар.

Се препорачува на „Електродистрибуција“ ДООЕЛ, почнувајќи од септември 2022 година, најдоцна до 15 во тековниот месец, за претходниот месец, на месечно ниво, заклучно со 31 март 2023 година, до Генералниот секретаријат при Владата на Република Северна Македонија да доставува извештај за потрошувачката на електрична енергија изразена во kWh и споредено со истиот месец во претходната календарска година.

Се препорачува на ЗЕЛС да ги извести општините и градот Скопје и јавните претпријатија основани од општините и градот Скопје во рок од седум дена за препораките дадени во оваа информација.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за состојбата за појавата и ширењето на африканската чума кај свињите и усвои Одлука и решение за формирање на Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите.

Надлежните институции, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии, беа задолжени, а на Заедницата на единиците за локална самоуправа им беше препорачано да ги спроведуваат сите мерки за справување со африканската чума кај свињите.

Владата денеска донесе и заклучок, 20.8.2022 година (сабота) да биде неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа поради одржување на избор за градоначалници во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и избори на членови на Советот на Општина Тетово.