5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

И македонските и бугарските учебници ќе се подобруваат по препораки на историската комисија

Билатералната комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија објави заеднички препораки со кои ќе се подобруваат содржините во учебниците по историја и во Бугарија и во земјава.

Комисијата предлага по пет измени на учебникот по историја за 5-ти клас во Бугарија и во учебникот по историја за 6-то одделение во Северна Македонија. Со измените, како што велат тие, се констатираат извесни недостаоци и се користат можностите за подобрување.

„Тоа се препораки кои се иоднесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите“ рече Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата.

Со ова уште еднаш паѓаат во вода обвинувањата од опозицијата дека нема реципроцитет во работата на комисијата и нивните односи. Комисијата стручно и независно од политиката ги носи одлуките со консензус, што значи дека договореното е поткрепено со факти и аргументи од двете страни.

Освен за учебниците, комисијата договори и дека Цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум ќе се чествуваат заеднички со делегации од двете земји, потенцирајќи дека овие личности се важни и имаат оставено белег во културата и историјата на двете земји.

Спонзорирано: