11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Толку е штетно што нема да се грижите, размислете кога пиете флаширана вода

За време на тропските горештини, не излегуваме од дома без шише вода. Често се случува поради високите температури да се загрее шишето, односно водата во него.

Сепак, знаете ли што се случува тогаш?

Бидејќи пластичните шишиња се направени од полиетилен терефталат кој, кога се загрева, ја ослободува штетната хемикалија бисфенол А (БПА). Кога се внесува бисфенол, може да биде исклучително штетен.

Колку повеќе шишето се загрева, толку повеќе штетни состојки испушта во водата. Неодамна беше спроведен експеримент кој го докажува тоа. Имено, професорката Лина Ма и нејзиниот тим научници истражувале кои хемикалии се испуштаат од пластично шише откако ќе се држат на висока температура 4 недели.

Таа студија докажа дека нивото на штетната БПА се зголемува на високи температури. Немојте случајно да пиете вода од шише кое е со денови во автомобил или на сонце.

Бисфенолот А е поврзан со голем број здравствени проблеми – како што се намален имунитет, проблеми со репродуктивното здравје и невролошки проблеми. Дури е откриено дека оваа хемикалија го зголемува ризикот од развој на Алцхајмерова болест, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања и други.

Најдобро би било да користите стаклено шише наместо пластично.

Спонзорирано: