20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

„Не е трагедија ако ги внесеме Бугарите во Устав“ – Попоски: Не знам што е целта со организирање на референдум

Нашата преговарачка рамка е целосно дефинирана од Бугарија. Практично тие седат зад воланот и управуват, а преговорите Македонија се уште не ги почнала. На овој начин поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски ја објаснува ситуацијата околу нашата држава и членството во ЕУ. Тој вели дека премиерот Ковачевски требал да остане на ставот кога на прес конференцијата во Брисел рекол „НЕ“ на францускиот предлог, со цел да се обезбеди подобра позиција за нашата држава.

Попоски смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов за официјален старт на преговорите, односно отворањето на кластерите, иако тоа е децидно наведено во преговарачката рамка. Сепак, додава дека самиот чин на отворање на Уставот и внесувањето на Бугарите, не е голема трагедија. Сепак, има забелешка.

„Јас лично не сметам дека тоа е трагедија. Лично мислам ако ние како држава сме се декларирале дека обезбедуваме одредени права за сите, нема причина некого да исклучуваме од тоа. Има многу по флагрантни примери од оној со Бугарите. Имате пример во Хрватска, каде нашата зедница целосно е призната, добива фондови од државата, а кај нас не се ни спомнати во Устав и ги немаат тие привилегии и Хрватска како земја членка на ЕУ утре може да ни отвори таков проблеми да каже ние очекуваме реципроцитет“, вели Никола Попоски.

-И најавено е дека заедно со Бугарите, ќе се внесат Хрватите, Црногорците.

„Да, ви кажувам дека аргументирано ако гледате, Хрватска има чиста ситуација со тоа, Бугарија нема. Има еден куп пресуди од Совет на Европа има целосно несоодветен третман во однос на македонската заедница во Бугарија“, додава Никола Попоски.
За иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да се организира референдум, Попоски вели дека без точна формулација на прашањето и без точна одредена крајна цел, само како што вели „пукаме во воздух“. Уште пред да се одржи евентуален референдум, треба да се знае која е целта.

„Најбитно е колку интелигентно би бил срочен тој рефедендум. Ние би требало да тргнеме од крајната цел, па потоа да се вратиме назад. Не само да речеме сакаме референдум, бидејќи, ете да речеме сакаме референдум, супер и нема да излезат доволен број, што сте направиле, ништо. Еве да речеме ќе излезат доволно и ќе речат не сме за ЕУ. Што сме направиле, пак ништо“, додава Попоски.

Екс министерот за надворешни работи вели дека писмени гаранции од ЕУ никогаш нема да добиеме, но додава дека со една ваква формулација на документот за преговарачката рамка остава простор на Бугарија повторно да блокира. Најважното според него многу е битно како национален интерес да се знаат црвените линии до каде може државата да попушта и прифаќа услови. Секако додава дека полноправно членство во ЕУ треба да остане стратешки приоритет.

Извор ТВ21

Спонзорирано: