Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

УЈП: До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“

До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.

– Тимот на УЈП, целосно е ангажиран, со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања, очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки, велат во УЈП.

Можеби ќе ве интересира

Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

ДЕСК

Светските цени на храната паднаа по четири години, најголемо поевтинување кај житарките

ДЕСК

ПОСЛЕДНАТА ПРОДАВНИЦА ВО СЕЛОТО СЕ ЗАТВОРА – Што значи кога едно место полека престанува да живее?

ДЕСК