СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице на возраст од 53 години од с. Стримница, Општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 24.07.2026 на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот додека управувал патничко возило „мерцедес“ не застанал по наредба на полициски службеник, при што истиот продолжил да се движи и со возилото удрил полициски службеник додека извршувал службени дејствија.


