Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Македонскиот парламент го одобри членството на Шведска и Финска во НАТО – ратификуван протоколот

Без било каква дискусија, со 103 гласа „за“ и со двајца „против“ го изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за Шведска и за Финска, со што Македонија практично даде зелено светло овие две земји да станат членки во алијансата.

Против гласаа двајцата пратеници на Левица, но сепак одлуката ја покажа огромната поддршка што овие две пријателски земји ја имаат во нашата држава и во Парламентот. На гласањето , што е прво за ваква одлука откако Македонија стана земја членка на Алијансата, присуствуваа државниот врв и дипломатскиот кор во земјата.

Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската аграсија врз Украина.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК