Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

232 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Денеска (27.07.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 232 пешаци од кои, 202 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
На 73 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 105 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО ОХРИД – Ќе присуствува на отворањето на нов производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“

ДЕСК

ПОНЕДЕЛНИК НОСИ ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД – Еве какво време нè очекува на почетокот од работната недела

ДЕСК