Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хаос во Кочани: Поплавени дуќани во трговскиот, фотелји пливаат по водата, реки по улиците, паднати дрвја врз автомобили

Поплави на повеке објекти во Општина Кочани.

Пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите,како и скинати кабли од електрични линии.

Екипите на ТППЕ Кочани се излезени на терен и работат на испумпување на поплавените објекти.

Неофицијално цел град е поплавен, во невремето кое траело кратко но било проследено со силен дожд и град.

Од ТППЕ Кочани било побарано доколку може да се побара помош од околните ТППЕ единици за да интервенираат и тие и помош од ДЗС.

Засега нема официјални информации од општината, а на социјалните мрежи се објавени следниве фотографии и видеа (клик тука).

 

– Преку телефонски разговор со градоначалникот на општина Кочани разговарано е за состојбата во Кочани. Градоначалникот телефонски побара доколку може да им се обезбедат пумпи за испумпување на вода,бидејки ТППЕ Кочани немаат доволно пумпи за испумпување.Командирот на ТППЕ Штип не извести дека во 23:30 е испратено 1 ПП возило Амарок,2 пумпи за испумпување и 4 пожарникари, соопштија вечерва од ЦУК за медиумите

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК