Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Нов голем пад на цената на нафтата на светските берзи, доларот слабее

Цената на нафтата од утринава повторно паѓа.

Барел од нафтата брент утрово се продава за 97,41 долар, откако цената падна за 0,99 отсто. Американската WTI се тргуваше за 93,70 долари за барел по претходниот пад на цената.

Пазарите ја чекаат одлуката на американската централна банка (ФЕД) за монетарната политика, која ќе биде објавена в среда.

Додека макроекономските податоци објавени во светот покажуваат дека знаците на рецесија веќе се појавуваат во многу економии, очекувањата дека зголемувањето на каматните стапки ќе ја забави глобалната економија и ќе ја ослабне побарувачката за нафта дополнително ги намалуваат цените на нафтата.

Можеби ќе ве интересира

Како војната во Иран носи милијарди долари во нафтениот и финансискиот сектор

C +

Инфлацијата во 2026 година ќе изнесува 4 отсто, според проекциите на Народната банка

C +

Војната во Иран го наполни рускиот буџет со приходи од нафта

C +