Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерката Тренчевска на студиска посета во Република Полска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска од денес до петок ќе престојува во Република Полска на студиска посета организирана од проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Министерката ќе посети повеќе социјални претпријатија меѓу кои и „Барка“ како и нивниот центар за поддршка на социјалните претпријатија во Република Полска. Тренчевска ќе одржи средби со повеќе градоначалници на општини каде што има социјални претпријатија, но од особена важност е средбата со Министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг.

Презентацијата на полскиот систем на социјална економија – законската рамка, мерките, политиките и финансиските инструменти ќе придонесат за стекнување на повеќе искуства, особено значајни во овој период во кој во нашата земја се подготвува Законот за социјални претпријатија.

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика. На студиската посета ќе бидат присутни претставници на повеќе институции.​

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +